Бесплатна достава за нарачка над 3000 ден.

MOOD CHANGERS СЕТ РОЛЕРИ

2,636 ден

Пет уникатни блендови на етерични масла кои се користат за енергизирање, релаксација, фокус, здрав сон и заштита од вируси

На залиха

Опис

Како сакате да се чувствувате денес?

Можеби ви е потребна енергија, фокус или само релаксација..

Со Mood Changers сетот ароматераписката моќ на етеричните масла ќе Ви биде секогаш при рака.

Пет уникатни мешавини на етерични масла кои се користат за енергизирање, релаксација, фокус, здрав сон и заштита од вируси:

 

WAKE UP

Етерични масла од бергамот, грејпфрут, лимон, портокал, иланг иланг, црн пипер

Аромата на масло од бергамот  дава свежина и предизвикува радост, додека аромата на масло од грејпфрут помага за балансирање на емоциите.

Аромата на лимон го подобрува расположението и поттикнува чисти, фокусирани мисли.

Аромата на портокал помага за намалување на депресивното расположение и нервозата.

Според научните студии, аромата на иланг иланг има смирувачки ефект и го намалува крвниот притисок, а помага и кај главоболки.

Есенцијалното масло од црн бибер помага за намалување на тензијата и анксиозноста.

 

RELAX

Етерични масла од мaточина, камилица, темјан, иланг-иланг, здравец,  лаванда, мандарина

Етеричното масло од маточина смирува, а аромата на етеричното масло од камилица го балансира нивото на кортизол.

Етерично масло од темјан ќе Ви даде чувство на мир и релаксација, маслото од иланг иланг и лаванда ќе Ви помогнат да се  намали анксиозноста и емотивната нестабилност.

Аромата на етерично масло од здравец ќе Ви помогне за подобар фокус и чисти мисли, додека етеричното масло од мандарина ќе ги намали раздразливоста и депресивните мисли.

 

ATTENTION!

Етерични масла од чемпрес, рузмарин, лимон, грејпфрут

Етерично масло од чемпрес: За емоционално прочистување.

Етерично масло од рузмарин: дава фокус во размислувањето, концентрацијата и меморијата.

Етерично масло од лимон: го подигнува расположението

Етерично масло од грејпфрут: го балансира расположението

 

SWEET DREAMS

Етерични масла од маточина, камилица, лаванда, жалфија, мајоран, кедар, бергамот

Етерично масло од маточина: смирува

Етерично масло од камилица: го балансира нивото на кортизол

Етерично масло од лаванда: Ја намалува анксиозноста, тагата и емоционалната нестабилност

Етерично масло од жалфија: предизвикува чувство на благосостојба

Етерично масло од мајоран: позитивно делува на нервниот систем

Етерично масло од кедрово дрво: го ублажува стресот

Етерично масло од бергамот: дава надеж и развеселува

 

BODYGUARD

Етерични масла од мајчина душица, еукалиптус, рузмарин, лимон, портокал, каранфилче, цимет

Етерично масло од мајчина душица: има антивирусни и антибактериски својства.

Етерично масло од еукалиптус: ги инактивира вирусите

Етерично масло од рузмарин: помага против инфекции на респираторниот тракт

Етерично масло од лимон: прочистуваЕтерични масла од каранфилче и цимет: ги инактивираат вирусите

 

 

Дознајте први за промоции, попусти и нови производи

Внесето го Вашиот email и добијте 10 % попуст на првата нарачка

Со внесување на Вашиот email се согласувате да добивате информации за производите на Radika Aromatherapy