Бесплатна достава за нарачка над 3000 ден.

About us

Genuine as Nature, Pure as Love

Добредојдовте во Radika Aromatherapy,

Радика е приказна за автентичноста, за љубовта, за чистотата, за моќта на природата која исцелува.  Бренд создаден да го да го сочува Вашето здравје и да обебзеди чувство на благосостојба во тек на целиот ден.

Радика е место каде што ја славиме природата и нејзиниот изворен карактер, преточен во автентични производи со ароматични есенцијални масла.

Богатството на природата, кое ни се дава бесплатно, луѓето често го земаат здраво за готово. Природата ги трпи најголемите штети токму од човекот, преку загадувањето и современиот начин на живот. Природата се намалува, исчезнува. И затоа нè предупредува. Во индустријата на убавината, често, неа ја бараме преку технологијата.

Ние во Radika Aromatherapy се одлучивме да одиме по вистинскиот пат и убавината да ја бараме во природата, да ја чествуваме таа заборавена моќ на природата.


Во нашите животи враќаме врвни производи без штетни хемиски средства. Хемикалиите, тешките метали и конзервансите, ние едноставно ги заменуваме со софистицирани производи направени од целосно природни средства за чистење на телото, масла и лековити екстракти и мириси.


Радика на стар турски јазик значи Глуварче.

Глуварчето или на латински – Taraxacum officinale (во превод „дива салата“), од памтивек е вкоренето во фолклорот, преданијата, приказните кај многу народи. И, за него, како по правило, од колено на колено, се прикажуваат неговите лековити, безмалку магични својства. Затоа и нашиот бренд едноставно го нарековме Radika (на турски јазик) или на македонски – Глуварче!

Кај нас во Radika Aromatherapy, глуварчето е симбол на спојот на овоземското со метафизичкото, на телесното и на духовното. Конечно, тоа е симбол на слободата и победата на природата над секојдневието.

RADIKA AROMATHERAPY КАКО ПОДДРШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КАНЦЕР

Низ приказната за Радика, ние, по кој знае кој пат, сфаќаме дека здравјето е нашето најскапоцено богатство.

Затоа што приказната за Радика е и приказна за 5 исклучително успешни жени кои во определен период од животот се соочиле со предизвици кои од корен им го смениле животот.

Во моментите кога бдееле над сопственото дете кое се разбудило со треска, кога се заборавиле себеси во метежот и вревата на деловниот свет, додека  воделе успешни и врвни болници и се труделе да обезбедат живот и излекување за своите пациенти, на дел од нив им е дијагностициран канцер.

Овие жени, соочени лично со предизвиците при онколошките третмани,  барајќи решенија, како на пример, за нивната сува кожа, за оштетените суви и скршени нокти, за опаѓањето на косата, трепките и веѓите… одговорите што ги бараа ги најдоа во природата. Открија дека чудата што ни ги нуди природата даваат решенија за овие проблеми. Тие ги здружија силите со врвни дерматолози, онколози, истражувачи и научници и создадоа линија на чисти и природни производи кои безбедно може да се користат во секоја фаза од животот.

Го создадоа брендот Радика со поддршка на науката.

Основачите на Радика во континуитет работат на подигање на свеста за ракот кај жените со основање на добротворната организација PI Women’s Cancers, едно од највлијателните здруженија во Турција, пружајќи им рака и верба на жените кои се борат да преживеат.

Во согласност со мисијата на Радика, поддршката во оздравувањето од канцер се применува во секоја земја каде брендот Радика е присутен.


Radika Aromatherapy се враќа на корените, на природата, на чудотворната моќ на даровите на природата, на неисцрпниот извор на здравје и убавина, преточени во нашите премиум производи.

Автентични како природата, чисти како љубовта.

Latest Stories

Stay updated with everything people experience with skincare and beauty.

Дознајте први за промоции, попусти и нови производи

Внесето го Вашиот email и добијте 10 % попуст на првата нарачка

Со внесување на Вашиот email се согласувате да добивате информации за производите на Radika Aromatherapy