Бесплатна достава за нарачка над 3000 ден.

Политика за приватност

Radikaaromatherapy.com  ја почитува Вашата приватност и ги заштитува Вашите лични податоци согласно законските прописи.

 

Предмет на Политиката за приватност

Оваа политика се однесува на начинот на кој Radikaaromatherapy.com ги обработува личните и други податоци преку кои може да се изврши лична идентификација како што се Вашето име и презиме, единствениот матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, вклучувајќи ги и информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на Radikaaromatherapy.com.

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно.

 

Собирање на лични податоци

Radikaaromatherapy.com ги собира и ги обработува Вашите лични податоци кога се регистрирате како корисник на неговите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на неговите веб страници како корисник на онлајн услугите, кога ги посетувате неговите веб страници или веб страниците на одредени партнери на Radikaaromatherapy.com, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. Radikaaromatherapy.com може да Ве регистрира како корисник на производите и услугите преку дефинираните продажни места како и онлајн преку своите страници дефинирани за регистрација.

 

Кога се регистрирате, од Вас бараме лични податоци, а соодветно на потребите и услугите, Radikaaromatherapy.com може да побара и дополнителни податоци.

 

Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Radikaaromatherapy.com го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со SSL протоколот за заштита на информации.

 

Radikaaromatherapy.com собира информации за Вашите трансакции со него и со неговите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за плаќањето на производите и услугите кои ги нуди.

 

Radikaaromatherapy.com може да прибира информации за Вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со сајтовите и услугите на Radikaaromatherapy.com и може да прави записи на активноста на корисникот.

 

Ве молиме да имате предвид дека во случај да откриете лични податоци преку групите на Radikaaromatherapy.com или други јавни онлајн форуми, истите може да ги приберат и да ги користат и други. Затоа, Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи нивно неовластено користење или злоупотреба.

 

 

Употреба, споделување и откривање на информации

1. Radikaaromatherapy.com ги собира и ги обработува Вашите лични податоци за:

· Регистрирање на кувачи и продавачи на онлајн сервисот на Radikaaromatherapy.com

· Подобрување на услугите

· Наплата на услугите

· Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси, врз основа на Ваша изречна согласност

· Спроведување истражувања за производите и услугите кои ќе придонесат за подобрување на услугите кон Вас.

 

2. Radikaaromatherapy.com ги користи Вашите лични податоци и Вашите акаунти за да комуницира со Вас. Тоа значи дека Radikaaromatherapy.com:

· Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса за известување во процесот на регистрација за одреден негов производ или услуга, и сл.

· Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од услугата на Radikaaromatherapy.com

· Може повремено да Ви испрати промотивни електронски писма со цел да Ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од Radikaaromatherapy.com, при што го задржувате правото повратно да нè известите дека во иднина не сакате повеќе да добивате информации од ваков тип.

3. Radikaaromatherapy.com ги обработува Вашите лични податоци единствено за целите за кои се собрани, а кои се подетално опишани во точка 1 од овој член. Radikaaromatherapy.com може да врши обработка и за други цели врз основа на Ваша согласност или во следните случаи:

· Обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со Radikaaromatherapy.com, врз основа на договори за обработка на податоци со кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци. Овие компании, во име и за сметка на Radikaaromatherapy.com можат да ги користат Вашите лични податоци за да комуницираат со Вас за понуди на производи и услуги на Radikaaromatherapy.com. Овие компании можат да ги обработуваат Вашите лични податоци во согласност со насоките што ги добиваат од Radikaaromatherapy.com. Тие немаат право да вршат обработка на Вашите лични податоци за цели кои не се во согласност со договорената деловна соработка.

· Обработка на лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.

· Вашите лични податоци може да бидат дадени на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на Radikaaromatherapy.com (спојување со или припојување кон друга компанија, трансформација на компанијата, отварање на друга компанија со исти сопственици). Во овој случај, Radikaaromatherapy.com ќе Ве извести пред Вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект и пред нивната обработка да стане предмет на поинаква Политика за приватност.

 

Користење на Cookies

Cookie е мал фајл со текст кој е ставен на Вашиот хард диск од страна на Вашиот сервер на веб страницата. Cookies содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од веб серверот во доменот кој Ви го издава cookie. Cookies не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер.

1. Radikaaromatherapy.com користи “cookies” за да Ви овозможи да се пријавите на услугите на Radikaaromatherapy.com и да Ви помогне да го персонализирате Вашето онлајн искуство.

2. Radikaaromatherapy.com може да ги постави и да има пристап до cookies на Radikaaromatherapy.com на Вашиот компјутер.

3. Radikaaromatherapy.com обезбедува рекламен простор на своите веб страници за други компании. Некои од овие реклами на други компании може да поставуваат cookies и да имаат пристап до нив на Вашиот компјутер. Употребата на cookies од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие Општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до cookies на Radikaaromatherapy.com. Radikaaromatherapy.com нема пристап до cookies кои може да бидат поставени на Вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.

 

Контрола на Вашите е-mail акаунти и Вашите информации

1. Може да извршите промена на информациите од Вашите Account-и, како и да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.

2. Го задржуваме правото да Ви испраќаме одредени известувања кои се поврзани со услугите на Radikaaromatherapy.com, како што се објави за услуги, административни пораки и информации и известувања кои се сметаат за дел од Вашите  акаунти, и за нив не се нуди можност да одберете да не Ви пристигнуваат.

3. За бришење на Вашите акаунти во Radikaaromatherapy.com потребно е да ни испратите емаил со информациите како име, презиме, телефон, емаил и текст дека сакате да го избришеме вашиот профил како и причините поради кои сакате да престанете со користење на услугите на Radikaaromatherapy.com откако ќе ни потврдите телефонски дека сакате да го избришеме вашиот профил истото ќе биде остварено од наша страна.

 

Доверливост и безбедност 

1. Пристапот до Вашите лични податоци во Radikaaromatherapy.com е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку Radikaaromatherapy.com за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

2. Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, сè во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.

3. Кога пренесуваме чувствителни податоци (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.

Дознајте први за промоции, попусти и нови производи

Внесето го Вашиот email и добијте 10 % попуст на првата нарачка

Со внесување на Вашиот email се согласувате да добивате информации за производите на Radika Aromatherapy