Опис
Регенеративниот мелем е специјално формулиран и помага при заздравувањето на изгореници и рани кои може да настанале за време на радиотерапија.
Поготвен е на база на шеа путер добиен со органско и ладно цедење. Шеа путерот е богат со Витамин А и Витамин Е, како и есенцијални масни киселини кои помагаат да се регенерира оштетената кожа, стимулираат обновување на епидермот и ја зголемуваат еластичноста на кожата.
Во составот има масло од невен и масло од кантарион, исклучително моќна комбинација со природни антиинфламаторни својства. Маслото од невен, дополнително, стимулира создавање на еластин и колаген на крвните садови на кожата, со што го забрзува процесот на заздравување.
Маслото од ноќниче намалува иритации и и чешање, а маслото од тамну помага во спречување на габични инфекции и овозможува заздравување на кожните пукнатини.
Маслото од рицинус во состав на овој мелем го намалува ризикот од инфекции на раната.
Етеричното масло од лаванда помага за намалување на болката и има смирувачко дејство.
Состав: Етерични масла од смил, камилица, дива лаванда, смирна, темјан, здравец и лаванда, масла од невен, кантарион, рицинус, јаглика, таману и арника, шеа путер, цинк оксид, сквален