Бесплатна достава за нарачка над 3000 ден.

Yeshim МАСЛО ЗА ТЕЛО

1,538 ден

100 ml / Yeshim Колекцијата е специјално создадена за луѓе кои се под медицински третман и примаат комплексни терапии (хемотерапија, радиотерапија и сл.) Таа е целосно органска и содржи исклучиво природни растителни масла.  Не содржи хемиски адитиви.

На залиха

Опис

Маслото за тело е мешавина од есенцијални масла збогатена со сквален за хидратација и нега на осетлива и сува кожа за време на медицинскиот третман и после него.

 

Во составот има масло од сладок бадем кој ја регенерира и навлажнува кожата. Дополнително намалува иритации и е богато со Витамин А, Витамин Б и Витамин Е, со кои ја потхранува кожата.

Комбинацијата на масло од таману и маслото од ноќниче спречува појава на акни и ја штити кожата од егземи.

Есенцијалното масло од гераниум е моќен антиоксиданс и спречува затнување на порите.

Масло од иланг иланг има антибактериски ефект.

 

 

Состав: Есенцијални масла од иланг-иланг, гераниум, камилица, мирта, темјан, лимон, портокал и лаванда. Масла од јојоба, дива лаванда, таману, сладок бадем и рицинус.

 

Дознајте први за промоции, попусти и нови производи

Внесето го Вашиот email и добијте 10 % попуст на првата нарачка

Со внесување на Вашиот email се согласувате да добивате информации за производите на Radika Aromatherapy