ДЕЗОДОРАНС РОЛ-ОН
Зошто да користите
природен дезодоранс
Истражувањата покажуваат дека хемикалиите како метил, етил, пропил, бензил и бутил кои се наоѓаат во многу дезодоранси се доста опасни по здрвјето. Особено штетен е парабенот, кој го зголемува ризикот од рак на дојка. Алуминиумот, кој се користи за намалување на потењето, влијае на ендокриниот систем и со тоа е уште една од овие високо ризични состојки.
RADIKA создаде колекција на природни дезодоранси кои:
- не ги затнуваат порите,
- не го менуваат природниот процес на потење и
- не содржат токсични хемикалии
КОЛЕКЦИЈА РОЛ ОН ДЕЗОДОРАНСИ
Колекцијата Radika Deo Roll-On е целосно веганска, природна, органска и минерална. Таа е без парабени, без синтетички мириси и без алуминиум. Не содржи ниту состојки како сол или карбонат.
Овие дезодоранси го спречуваат размножувањето на бактериите и превенираат создавање непријатни мириси, притоа негувајќи ја кожата.
Содржат каолин од бела глина, кој кога се користи редовно, го отстранува потемнувањето, ги чисти токсините и нечистотијата насобрани во порите.