Опис
Лосионот за тело е создаден со специјална формула збогатена со хијалуронска киселина чијашто цел е да обезбеди доволно влажност и со сквалан кој ја регенерира чувствителната и сува кожа за време и по третманот.
Витаминот B3 во составот помага за изедначување на тенот и превенира појава на флеки.
Комбинацијата на масло од таману и маслото од ноќниче намалува иритации и ја штити кожата од егземи.
Есенцијалното масло од кантарион и невен помагаат за брза регенерација на кожата.
Дополнително, лосионот за тело содржи природен минерал кој ја штити кожата од сончевите зраци.
Состав: Есенцијално масло од смил, иланг-иланг, камилица, мирта, темјан, гераниум, лимон и лаванда, масла од ноќниче, невен, дива лаванда, кантарион, таману масло и масло од арника. Хијалуронска киселина, цинк оксид, алое вера екстракт и сквален.