Опис
Серумот за коса е мултифункционален ботанички комплекс кој комбинира билки со синергистички способности за зајакнување на косата.
Дејстува против првут, опаѓање, чешање и истенчување на влакното. Ја прочистува кожата и ја регулира маснотијата на коренот.
Серумот ја зајакнува косата што се обновува после хемотерапија и и дава сјај и живост.
Има посебен состав кој е збогатен со инулин добиен од корен од глуварче и два различни екстракти од кафени морски алги, како и пантенол и провитамин Б5.
Серумот е целосно природен. Не содржи никакви штетни хемикалии, заштитни ниту синтетички мириси. Затоа, секој што сака цврста, жива и сјајна коса може безбедно да го користи.
Може да се користи на 2 начини: како маска за коса и како производ за секојдневна нега.
Како маска можете да ја нанесувате еднаш неделно на чиста и сува коса. Обилно се нанесува и на скалпот и на косата и се масира. Препорачуваме да стои најмалку 2 часа, но за поефективен резултат ќе биде корисно да ја поминете цела ноќ со вашиот серум.
Како продукт за секојдневна нега, по секое туширање, можете да земете мала количина на дланките и да ја намачкате низ рацете. Потоа мала количина од производот да нанесете со раце низ косата, без да ја исплакнете.
Состав: Етерични масла од иланг иланг, рузмарин, ловоров лист, лимон и лаванда, масла од коњско опавче, семе од коприва, семе од ловор и кокосово масло, протеин од пченица.