Опис
Заштитниот мелем е формулиран со цел да превенира развој на габични инфекции кои може да се јават за време на третманот, како и да помогне во третман на веќе настанатите.
Во својот состав содржи сквален кој е моќен антиоксиданс и спречува оштетувања на кожата. Како состојка со висока липофилност, овозможува растворање на повеќе карциногени состојки, мегу кои и тешки метали, кои понатаму се исфрлаат од телото преку кожата.
Уникатниот микс на есенцијални масла од чајно дрво, темјан, каранфилче, еукалиптус, камфор, ловоров лист и цитронела имаат способност да превенираат раст на габички и бактерии.
Маслата од невен и кантарион помагаат во регенерација на кожата и превенција на рани.
Маслото од сладок бадем ја навлажнува и ја регенeрира кожата. Богато е со Витамин А, Витамин Б и Витамин Е, кои дополнително ја потхрануваат кожата.
Состав: Етерични масла од чајно дрво, мајчина душица, каранфилче, еукалиптус, здравец, камфор, ловоров лист и цитронела, масла од невен, кантарион, сладок бадем и шеа путер